Интер игра
одлично изминатиов период, тимот на Лучијано Спалети со две победи во низа ги
почна своите настапи во Лигата на шампионите, но, загуби на гостувањето на Камп
Ноу со 2-0, иако без својата прва ѕвезда во составот, Каталонците делуваа
надмоќно над Италијанците.
Во пресрет на
новата пресметка помеѓу овие две екипи утревечер, но, овој пат на терен на
калчолигашот, шефот на стручниот штаб на Барселона истакна дека тој нема да
ризикува со Аргентинецот, но, остави простор дека тој може да настапи против
Интер.
„Ние сме во
исчекување на резултатите од лекарскиот тим, тој можеби ќе игра, но, не сме
сигурни по тоа прашање, покажа позитивни промени за време на тренинзите, но,
нема да го ставиме во ситуација повторно да се повреди“ рече Валверде.
„Доколку не
разговарам со него, во тој случај не можам да кажам ништо конкрентно, ниту пак
да одлучам, но, нема да ризикуваме со Лео“ заклучи шефот на стручниот штаб на
Каталонците.