Валверде пресреќен: Одамна не сум се чувствувал вака добро!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, кој со хет-трик го предводеше својот тим до убедлива победа против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, изјави дека одамна не уживал толку на еден натпревар, но нагласи дека најважна за него е победата на екипата.

Реал Мадрид славеше со 3-0 на домашен терен во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите, а сите три гола беа дело на уругвајскиот фудбалер. Валверде погоди во 20., 27. и 42. минута од средбата.

„Беше неверојатно. Вакви натпревари се сонуваат. Навистина уживав. Искрено, помина долго време откако сум се чувствувал толку добро играјќи натпревар. Среќен сум, но пред сè поради победата на тимот“, изјави Валверде.

По мечот пофалби за неговиот настап упати и тренерот на Реал, Алваро Арбелоа.

„Валверде го поседува сето она што е потребно за да се биде голем играч на Реал Мадрид“, истакна стратегот.

Реванш натпреварот од осминафиналето меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити се игра следната седмица, а и Валверде и Арбелоа потенцираа дека двомечот сè уште не е решен.

„Натпреварите во Манчестер секогаш се тешки, таму одиме како резултатот да е 0-0“, порача Валверде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×