Вакво нешто ретко се гледа во ЛШ: Три пенали и еден црвен картон во едно полувреме! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

На натпреварот помеѓу Челси и Ајакс во првото полувреме видовме ситуација каква што не се гледа често.

Имено, главниот судија на средбата во првите 45 минути дури трипати покажа на белата точка. Двапати за Челси и тоа во финишот од првиот дел прво во 45-тата, па во шестата мнута од продолжението, додека претходно Вегхорст реализираше најстрога казна за Ајакс во 33-тата минута. За Челси погодуваа Фернандез и Естевао.

Покрај трите пенали, видовме и еден црвен картон кога во 15-тата минута беше исклучен Тејлор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×