81
Вајналдум натпреварот го почна од клупа, влезе на полувремето поради повредата на Робертсон и за две минути успеа да постигне два гола и да даде огромен допринос во сензационалниот резултат.
„По мечот во Шпанија ние бевме уверени дека можеме да постигнеме четири гола и да победиме со 4-0. Но луѓето се сомневаа во нас“, вели Вајналдум.
„Тие мислеа дека не можеме да го направиме тоа. Но уште еднаш покажавме дека во фудбалот се е возможно“.
„Бев навистина лут на тренерот што ме остави на клупа. Влегов и само се обидов да му помогнам на тимот, среќен сум што тоа го направив со два гола“.