107
Адриен Рабио е последен
од низата слободни играчи до кои стигна Јувентус. Французинот денеска пристигна
во Торино на лекарски прегледи а откако беа комплетирани сите формалности,
вечерва беше испратено и официјално соопштение.
„Старата дама“ не
откри детали, а според медиумите од Италија, Адриен Рабио ставил потпис на
четиригодишен договор според кој ќе заработува 7 милиони евра па сезона, а ќе
добие и убава премија од 10 милиони евра со оглед на тоа дека нема да биде
платено обесштетување на ПСЖ.