Уште не може да полага за возачка и веројатно ќе пишува домашна за време на патувањата, но хит-момчето е во тимот на Арсенал за ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал има ново чудо од дете. Само 15 години има Макс Даумен, а веќе е запишан во историјата како најмладиот кој влегол во европскиот состав на „топџиите“.

Момчето кое сè уште не може да се запише во автошкола доби место во тимот за Лигата на шампионите и ќе го замени повредениот Габриел Жесус. Англичаните се шегуваат дека Даумен веројатно ќе мора да пишува и домашна задача за време на патувањата.

Даумен веќе собра и 30 минути во Премиер лигата оваа сезона, а ако Микел Артета му даде шанса на некој од мечевите, ќе може да го собори рекордот на Јусеф Мукоко како најмлад дебитант во ЛШ.

Арсенал ќе игра со Баерн, Интер, Атлетико Мадрид, Олимпијакос, Бриж, Славија Прага, Каират и Атлетик Билбао, па не е исклучено Артета да му даде минути на талентираниот тинејџер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×