Египет, предводен од својот најдобар фудбалер Мохамед Салах, вечерва обезбеди пласман на Светското првенство 2026 што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. „Фараоните“ во рамки на африканските квалификации без поголеми проблеми го совладаа Џибути на гостински терен со убедливи 3:0 и една рунда пред крајот веќе имаат недостижна предност од пет бода пред Буркина Фасо.
Најзаслужен за новиот успех беше ѕвездата на Ливерпул, кој постигна два погодоци, додека во листата на стрелци се запиша и Ибрахим Преетходно Египет настапи на светските првенства во: 1934, 1990 и 2018 година.
Пласман на Светското првенство досега, покрај домаќините САД, Канада и Мексико, веќе обезбедија и Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, како и јужноамериканските репрезентации Аргентина, Еквадор, Бразил, Уругвај, Парагвај и Колумбија, а од африканскиот континент место обезбедија Мароко, Тунис и сега Египет.
🇪🇬 Egypt have qualified for the #FIFAWorldCup!@EgyptNT | #WeAre26 pic.twitter.com/MUyOoaaE6X
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) October 8, 2025