Ултрас навивачите на Барселона му дошле на Ракитиќ пред врата, Хрватот им ги објаснил своите постапки

by
1 минути читање

Хрватот го
навлече гневот на фановите но и директорите на Барселона, откако само неколку
часа по шокантната елиминација од Лигата на шампионите тој отпатува на панаѓур
во Севиља, а за ова се дозна откако на социјалните мрежи се појави слика од
Иван Ракитиќ со насмевка на лицето покрај Хосе Мариа Дел Нидо Караско, син на
поранешниот претседал на „андалузијците“.

Според пишувањата
на АС, неколку навивачи на Барселона од ултрас групата Боиксос Ноис го посетиле
домот на фудбалерот во петокот и му се појавиле на Иван Ракитиќ пред врата.

Весникот додава
дека двете страни разговарале неколку минути. Иван Ракитиќ им објаснил дека бил
во Севиља поради семејни причини и дека немал намера да покаже непочитување кон
Барселона и фановите. Тој им кажал дека веднаш побарал да се избришат сликите кога
дознал дека на големо се пишува на социјалните мрежи за неговата посета.

Без да настане
некој посериозен инцидент, фановите го опоменале фудбалерот за начинот на кој
се однесувал и побарале поголема посветеност до крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани