Укината казната на Милан, „росонерите“ ќе играат во Лига Европа!

by
1 минути читање

Поради неубедливиот план на сопственикот Јонгонг Ли, УЕФА му врачи суспензија на Милан поради прекршување на правилата од финансискиот фер плеј.

Во меѓувреме нови сопственици станаа Елиот Менаџмент и тоа беше клучно за пресвртница во целата ситуација.

Новите сопственици изготвиле нов, пореален финансиски план и дале гаранција дека нема да го продаваат клубот во наредните три години, а тоа било гаранција за стабилност.

Судот за Спортска Арбитража во Лозана одлучи да ја укине казната за Милан, па тие ќе можат да настапат во Лига Европа оваа сезона.

Тоа значи дека Милан ќе си го земе местото добиено од пласманот во Серија А минатата сезона, а Фиорентина која требаше да игра на местото од росонерите, нема да игра во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани