УЕФА откри кој ќарил најмногу во Лигата на шампионите, од гигантите најлошо поминал Манчестер јунајтед (ФОТО)

by
2 минути читање

УЕФА поделила
1,412 милиони евра на клубовите кои настапија во групната фаза од Лигата на
шампионите и плејофот.

50 милиони евра
биле наменети за 20-те учесници во плеј-офот. 10-те клубови кои обезбедиле
настап во групната фаза од Лигата на шампионите добиле по 2 милиони евра,
додека пак 10-те клубови кои завршиле во групната фаза од Лига Европа добиле по
3 милиони евра.

На сите 32 клуба
кои настапиле во групната фаза им биле гарантирани минимум 12.7 милиони евра,
како и додатни исплати во зависност од резултатите (1.5 милиони евра победа и
500.000 за реми). За пласман во нок-аут фазите следува дополнителен бонус, 6
милиони евра за осмина-финале, 6.5 милиони евра за четвртфинале, 7.5 милони
евра за полуфинале. Вицешампионот Ливерпул добил 11 милиони евра, а Реал Мадрид
како шампион добил 15.5 милиони евра.

Исто така секој
клуб добил и пари од маркетинг колачот па кога ќе се собере се, Реал Мадрид
ќарил најмногу и инкасирал 88.6 милиони евра. Потоа следува Рома со 83.8
милиони евра и Ливерпул со 81.2 милиони евра.

Јувентус исто
така ја надминал границата од 80 милиони евра, додека пак од гигантите најлошо
поминал Манчестер јунајтед, кој инкасирал скромни 40 милиони евра.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани