Буфон доби три натпревари суспензија поради случувањата за време и по мечот со Реал Мадрид. Што значи дека нема да настапи на следните три меча во Лигата на шампионите.
Тој доби црвен картон по реакцијата на контроверзната одлука на Мајкл Оливер да покаже пенал за Реал Мадрид во 96. минута.
Буфон во изјава по мечот рече дека Оливер се однесувал како животно и има канта ѓубре наместо срце, за што подоцна се извини.
„Контролното тело на УЕФА и телото за етика и дисциплина одлучија да го суспендираат голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон со три мечеви во натпреварувања на УЕФА“, стои во соопштението на УЕФА.
Силно се шпекулира дека Буфон може да биде следниот голман на ПСЖ, а на францускиот клуб може да не му се допадне санкцијата и фактот што ќе го нема Италијанецот за половина групна фаза во Лигата на шампионите.