1,1K
Реал Мадрид со победа од 3-1 го исфрли Манчестер Сити од плеј-оф фазата во Лигата на шампионите и се пласира во осминафиналето.
Со хет-трикот на КилианМбапе најтрофејниот европски тим си ја заврши задачата која ја започна во Манчестер. Реал ги израдува навивачите со релативно лесната победа над „граѓаните“, ама постои и жал за она што следи.
На првиот натпревар од осминафиналето Карло Анчелоти нема да може да смета на ЏудБелингем кој поради акумулирани жолти картони има меч суспензија. До тогаш во Мадрид се надеваат дека дел од повредените ќе се вратат во тимот.