Тухел ја донесе одлуката, го исфрли Лукаку од тимот за дербито со Ливерпул

by
0 минути читање

Тухел пред некој ден рече дека е зачуден од интервјуто на Лукаку за Скај Италија во кое напаѓачот рече дека има помала минутажа поради тактичка одлука на германскиот стратег. Рече и дека со задоволство би се вратил во Интер.

Таквото неочекувано интервју доведе до очекувана одлука од Томас Тухел.

Германецот има цврста рака и нема намера да ја толерира нелојалноста на Лукаку.

Белгискиот напаѓач и дефинитивно нема да биде ниту на клупата за денешниот натпревар меѓу Челси и Ливерпул кој се игра од 18:30.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×