Tудор си најде оправдување: Ова беше најтешкото можно гостување

by Стефан
1 минути читање

Хрватскиот стратег Игор Тудор, кој со Јувентус по првите три кола во Лигата на шампионите освои два бода, верува дека неговиот тим ќе ја прекине лошата серија и ќе започне со победи по минималниот пораз од 0:1 на гостувањето кај Реал Мадрид.

„Мој впечаток е дека екипата одигра добро и направи сè што можеше. Ни недостигаше само гол“, изјави Тудор на прес-конференцијата под „Сантијаго Бернабеу“.

Тренерот на „бјанконерите“ нагласи дека не е лесно да се игра во Мадрид

„Ова е најтешкото можно место за гостување, а ние си заминуваме со чувство дека можевме повеќе“, додаде тој.

Реал Мадрид славеше со 1:0 со погодокот на Џуд Белингем во 58. минута. Со овој резултат, Јувентус остана без победа по двете нерешени средби во првите две кола.

„Имаме два бода од можни девет, но игравме против Борусија Дортмунд, Виљареал и Реал Мадрид… Пораз на „Бернабеу’ е нешто што може да се случи. Остануваат уште пет натпревари и убеден сум дека можеме да завршиме на добра позиција“, изјави Тудор.

Во следното коло Јувентус ќе се сретне со Спортинг од Лисабон, а потоа го очекува дуел со норвешкиот Бодо/Глимт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×