Три ѕвезди на Барселона се повредија во големата победа во Лигата на шампионите

by 24 фудбал
1 минути читање

И покрај убедливата победа од 7-2 против Њукасл во реванш осминафиналето на Лигата на шампионите, вечерта на Барселона не помина без проблеми. Каталонците го декласираа англискиот ривал и обезбедија пласман во четвртфиналето, но натпреварот донесе и неколку повреди кои можат да создадат главоболки за тренерот во продолжението од сезоната.

Првиот проблем се појави во 22. минута кога Ерик Гарсија мораше да го напушти теренот поради нова повреда, иако неодамна се врати во тимот. На негово место влезе Роналд Араухо, но и тој не го заврши мечот без проблем. Во самиот финиш Араухо блокира силен удар со глава, по што падна на тревникот и покажа знаци на вртоглавица. Иако се обиде да продолжи, ситуацијата беше доволно сериозна и побара замена, ама тогаш истече времето и судијата свирна крај.

Дополнителен удар за Барса беше и повредата на голманот Жоан Гарсија, кој без контакт почувствува болка и мораше да излезе од игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×