70
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски синоќа за прв пат застана на голот на Рајо Ваљекано во куп натпреварот против Леганес.
Мечот заврши 2-2, а тренерот Мичел е задоволен од настапот на Македонецот.
„Димитриевски бранеше на одлично ниво. Ова беше негов прв натпревар и беше одличен. Многу од играчите кои немаат минутажа покажаа дека треба да поминуваат повеќе време на теренот“, изјави тренерот на Рајо Ваљекано, Мичел.