Тренерот на Лозана призна: Потфрливме, ама очекував опасен Вардар!

by 24 фудбал
1 минути читање

Швајцарска Лозана загуби на гостувањето во Скопје од Вардар (2-1) во второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА.

Иако важеше за фаворит, швајцарскиот тим не успеа да излезе на крај со македонскиот освојувач на купот. По натпреварот тренерот Петер Цајдлер призна дека очекувал вака опасен Вардар.

Мислам дека ние потфрливме, иако очекувавме еден ваков опасен Вардар и воопшто не не изненади доброто издание на домашните. Беше тежок натпревар за нас во кој од самиот почеток влеговме многу нервозно. Потоа се обидовме и со тактички измени да се поправиме, но бевме лоши во одбраната. Очекувавме дека Вардар ќе игра на овој начин, но ние не одигравме на нашето ниво. Сега ни останува во следната недела да ги корегираме сите недостатоци и да се поправиме за реваншот“, изјави Цајдлер.

Реванш натпреварот меѓу овие две екипи во Швајцарија се игра следниот четврток во 20:15 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×