Тренерот на Жирона, Мичел вели дека Бојан Миовски го извиткал скочниот зглоб, смета дека повредата не е серозна, но не сакал да ризикува ништо па затоа го повлекол Македонецот од игра и го спречи да шутира пенал.
Бојан Миовски денеска изнуди пенал против Леганес, требаше и да ја изведе најстрогата казна, но беше повлечен од игра, на негово место влезе Стуани, кој не погреши од белата точка и донесе 3-2 за Жирона.
По крајот на натпреварот, тренерот на домаќините, Мичел објасни зошто го заменил Бојан Миовски и излезе со прва прогноза за повредата на Македонецот.
„Еден од физиотерапевтите кажа дека Бојан го повредил скочниот зглоб па не сакав да ризикувам со оглед на тоа колку е долга листата со повредени играчи“ – вели Мичел.
„Бојан требаше да го изведе пеналот, но моравме да повлечеме од игра, мора да мислиме на здравјето на играчите“.
„Се работи за извиткување на скочниот зглоб, мислам дека не е ништо сериозно, но не можевме да ризикуваме во овој момент“.
Во следните денови ќе бидат направени детални прегледи по што ќе се има појасна слика, а во моментов оптимистичките прогнози велат дека Бојан Миовски ќе биде подготвен веќе за натпреварот во вторник во Лигата на шампиони против ПСВ.
Оние попесимистичките прогнози велат дека Македонецот ќе паузира неколку дена и ќе ги пропушти двата натпревари пред паузата за репрезентативен настап.