Македонскиот бомбардер
Адис Јаховиќ имаше доста понуди на негова адреса изминатиот зимски јануарски
преоден рок, неговиот договор со Гезтепе истекуваше на лето, па на крајот
нашиот фудбалер се реши да продолжи во Коњаспор.
Коњаспор грчевито ќе се
бори за опстанок во турската Суперлига, а Гезтепе доби еден ипол милион евра
обештетување за својот најдобар фудбалер. Тренерот на тимот од Измир, Тамер
Туна смета дека заминувањето на Јаховиќ нема да остави трага во играта на
неговиот тим кој сега го има Демба Ба, кој вчера дебитираше против Трабзонспор
(0-0).
„Можеби треба да се
слушнеме телефонски. И Гезтепе направи некои одлуки, не само тој, заминувањето
на Јаховиќ е доста радикален потег. Мислам дека сево ова ќе влијае позитивно во
клубот, нема да се одрази негативно. Демба Ба беше опција за нас, ќе го видите
бенефитот во иднина, сигурен сум дека Јаховиќ нема да ни недостасува во
составот“ рече Туна.
Извор:
skor.sozcu.com.tr