„Милионерите“
прикажаа одлична партија против Бенфика, забележаа победа од 4-0 и се пласираа
во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.
Но овој триумф
падна во сенка на успехот на Барселона, ноќта мина во знакот на „Каталонците“
кои направија чудо и на реваншот со ПСЖ славеа со 6-1 за историски успех.
Томас Тухел
открива дека целиот тим на Борусија Дортмунд ги гледал завршните минути од
средбата на Камп Ноу и чуствуваале дека ќе падне шестти погодок во мрежата на ПСЖ.
„Кога го
напуштивме теренот беше 4-1 за Барселона” – вели тренерот на Дортмунд. „Кога влеговме во
соблекувалната беше 5-1 и уште две минути до крајот”.
„Внимателно
гледавме што ќе се случи. Сите имаа чуство дека Барса ќе постигне уште еден гол”.
„Потоа падна
голот, тоа беше лудница”.
„Мислевме дека
ние бевме спектакуларни, но ова што го направи Барса…. Мислевме дека нашиот
успех ќе возбудлива вест, но во споредба со Барса сега сме здодевни”.
„Никој нè не
спомнува”.
„Доколку некој
можеше да приреди ваков кам-бек, тоа е Барселона. Честитки за неверојатните
перформанси”.