Тренерот на Брајтон: Никогаш не би пробал да победувам како Артера со Арсенал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Брајтон, Фабијан Хирцелер, и покрај поразот од лидерот Арсенал, изрази задоволство од настапот на својата екипа и упати критики кон стилот на игра на противникот.

Германскиот стратег смета дека неговиот тим бил оној што се обидувал да игра фудбал, иако „топчиите“ на крајот славеа победа од 0-1.

Мислам дека само еден тим играше фудбал. Другиот тим не играше. Никогаш не сакам да бидам, и никогаш нема да бидам, тренер кој се обидува да победува на начинот на кој се обидува тимот на Микел Артета. Мојата цел е да ги развивам играчите и мојот тим постојано да се подобрува низ играта“, рече Хирцелер.

Изјавата на тренерот на Брајтон предизвика реакции во англиската јавност, особено затоа што беше дадена веднаш по натпреварот со кој Арсенал ја продолжи борбата за врвот во Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×