Тренерот на Аталанта одби да се ракува и објасни зошто, а Ковач му врати: Ова беше детска роденденска забава…

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Аталанта, Рафаеле Паладино, беше видно револтиран и лут по крајот на натпреварот против Борусија Дортмунд (2-0) во плеј-офот на Лигата на шампионите.

По последниот свиреж се појави тензија меѓу Паладино и тренерот на Борусија, Нико Ковач, откако Италијанецот одби да се ракува. Сепак, по натпреварот објасни за што станува збор.

Не сакам постојано да протестирам. Тие крај аут линијата реагираа на секоја ситница. Јас се обидувам да им дозволам на судиите да ја вршат својата работа, без разлика дали одлуките се добри или лоши, па само му реков дека и тој треба да ги остави судиите на мир“, објасни Паладино.

Одговор на ситуацијата имаше и Нико Ковач. Хрватот објасни дека не му било јасно што се случува, меѓутоа откако му објаснија нагласи дека тренерите од јужниот дел на европа се потемпераментни.

Му пружив рака. Не знам на што се жалеше, не разбрав. Зборуваше на италијански, па не разбрав. Ние сме од југот и од време на време се расправаме со судиите. Сепак, тоа денес беше детска роденденска забава“, изјави Ковач.

Реваншот меѓу овие две екипи е на распоредот следната среда во Бергамо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×