Требаше ли победничкиот гол на Жирона против Барселона да биде поништен? (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона си заминаа со празни раце од гостувањето кај Жирона, откако во 24. коло од Ла Лига беа совладани со 2-1. Сепак, натпреварот не мина без контроверзии, а во центарот на вниманието се најде вториот гол на домаќините.

Во акцијата што претходеше на погодокот, дефанзивецот на каталонскиот гигант, Жил Кунде, заврши на тревникот по контакт со противнички фудбалер. Гостите очекуваа прекин на играта, сметајќи дека нивниот играч бил недозволено оттурнат, но судијата Сото Градо дозволи акцијата да продолжи.

Топката стигна до Фран Белтран, кој без двоумење упати прецизен удар и ја затресе мрежата, носејќи ѝ предност на Жирона. Од таборот на Барселона веднаш следуваа жестоки реакции, но судијата остана на својата одлука, образложувајќи дека контактот бил минимален и дека немало основа за прекин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×