Динамо Загреб и покрај големата победа над Милан (2-1) остана без плеј-оф во Лигата на шампионите.
Хрватскиот шампион на „Максимир“ го совлада италијанскиот гигант кој одигра непрепознатливо. Сепак, ниту тоа не беше доволно за да се пласира во доигрувањето, иако стигна до 11 бода.
Да потсетиме, пред стартот на натпреварувањето симулациите и предвидувањата беа дека ќе треба да се освојат барем девет бода за пласман во Топ 24. Сепак, тоа не беше случај и Динамо со 11 остана надвор од овој круг.
Шансите за такво нешто во пресрет на сезоната беа помали од 1%!
Dinamo Zagreb missed out on Top 24 with 11 points.
Chances for someone to finish below Top 24 with 11 pts before the start of competition were <1%.