Тотнем се врати од 2-0 и избегна пораз од Брајтон! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Брајтон и Тотнем одиграа возбудливо реми на „Амекс“ во натпревар од петтото коло во Премиер лигата, кој заврши со резултат 2-2.

Домаќините стигнаа до брза предност преку Минтех и Ајари, но „петлите“ намалија пред паузата со гол на Ричарлисон. Во второто полувреме тимот на Томас Франк ја презеде иницијативата, а израмнувањето стигна во 82. минута кога ударот на Кудус се одби од Ван Хеке и заврши во мрежата.

До крајот имаше уште прилики на двете страни, но конечниот резултат остана 2-2.

Во останатите натпревари од истиот термин Лидс славеше на гости кај Вулверхемптон со 1-3, Кристал Палас го победи Вест Хем со 1-2, а Барнли и Нотингем Форест ремизираа 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×