63
Кристијан Ериксен има само уште една година од договорот и Тотнем ризикува да остане со празни раце доколку Данецот не ја продолжи верноста.
Според Марка, првиот човек на клубот, Даниел Леви пред неколку дена му се јавил на својот колега од Реал Мадрид, Хосе Анхел Санчез и му го понудил фудбалерот од средниот ред.
Весникот вели дека „кралевите“ сега можат да го купат играчот на 50% попуст односно за 70 милиони евра (минатото лето Тотнем им барал 150 милиони евра).
Сепак, одговорот на Реал Мадрид бил негативен. Клубот од „Бернабеу“ сака најпрвин да види што ќе се случи со првата желба на Зинедин Зидан, Пол Погба. Исто така, втора опција им е младиот Дони ван де Бек од Ајакс.