Волвс и Тотнем одиграа возбудлив натпревар со пет голови, на крајот се радуваа Спарси на трите бода кои го искористија ремито на Арсенал со Ливерпул и се искачија на четвртото место на табелата.
Тотнем поведе со гол на Ламела во 27. минута, а само три минути подоцна Лукас го зголеми водството на 2-0.
Во финишот од првиот дел на домаќините им беше поништен чист гол со кој требаше да го намалат водството и да влезат порамноправни во второто полувреме.
По 15 минути игра во вториот дел Кејн постигна гол за убедливо водство на Тотнем од 3-0.
Но Волвс не се предаваше, им беа досудени два пенали, првиот го реализираше Невес, а вториот Хименез за намалување на 3-2.
До крајот се играа уште 15 минути во кои Волвс се обидуваше да се спаси од пораз, но не успеа.