Тотенхем во паника, Хари Кејн се повреди!

by
1 минути читање

Тотенхем денеска го победи Милвол со 6-0, но навивачите на тимот не можат да бидат задоволни, ги загрижува состојбата на Хари Кејн кој заработи повреда.

По само шест минути игра Кејн го превитка зголобот во дуел со еден противнички дефанзивец, тежината на повредата дополнително ќе биде утврдена, но тренерот Маурисио Покетино вели дека вестите може да бидат лоши.

Поради повреда на истиот зглоб, Хари Кејн покасно ја започна оваа сезона од Премиерлигата, отсуствуваше два месеци, се стравува дека истата дијагноза може да биде и сега.

„Се работи за истиот зглоб. Сега ќе чекаме па ќе видиме. Утрешните детални прегледи ќе покажат за што станува збор. Тешко е, изгледа слично како претходната повреда“ – вели Покетино.

Навивачите посакуваат да биде само обично истегнување и Кејн да биде подготвен за следниот предизвик, но доколку се работи за истата повреда како и претходно, тој би можел да го пропушти остатокот од сезоната.

Тотенхем игра одлично, Кејн е најдобар стрелец, целта на тимот е да заврши меѓу најдобрите четири во Англија и да се пласира во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани