На ПСВ и Тотенхем
очајно им требаше победа за драстично да си ги зголемат шансите за пласман во
нок-аут фазата откако ги загибија првите два меча.
Резултатот беше
отворен по половина час игра, Алдерверелд направи голема грешка кога му
беше една вратена топка како последне играч и му овозможи на Лозано да погоди
за 1-0. Тотенхем се врати резултатски десет минути подоцна, по една добра
акција Лукас погоди за 1-1.
На стартот од
вториот дел „Спарси“ направија целосен пресврт и преку Кејн поведоа со 1-2.
Но на десет
минути до крајот Хуго Лорис лошо процени една ситуација направи опасен старт на
врвот од шеснаесетникот и беше исклучен. ПСВ потоа со играч повеќе силно
притисна и стигна до 2-2 со голот на Де Јонг во 87. минута.
На вториот
денешен меч од 18:55 часот, Клуб Бриж и Монако одиграа 1-1.