„Тоа што потпишав за Барса ми е голема грешка, си ги упропастив најубавите години“

by
1 минути читање

Летото 2008 година, Александр Хлеб од Арсенал се пресели во Барселона која тогаш во средниот ред ги имаше маестралните Чави и Иниеста.

Белорускиот фудбалер имаше одлична кариера во Арсенал, но се прецени и отиде во клубот каде што и беше логично дека нема да добие голема шанса. Потоа кариерата му продолжи во надолна линија.

„Мојот период во Арсенал беше фантастичен, најдобар во мојот живот. Го сакав клубот, тренерите, имав многу пријатели… беше неверојатно, како во сон. Тешко е да се каже зошто си заминав“, вели Хлеб.

„Кога им кажав на моите пријатели за интересот од Барса, сите тие ми рекоа: ‘Дали си луд? Барса е најдобриот клуб во светот, мора да одиш таму’“.

„Во Арсенал уживав во животот, се будев со насмевка. Сеск, Фламини, Росицки и Ван Перси ми беа најдобрите пријатели. Бевме како браќа“.

„Одењето во Барса беше тешка одлука и се потоа беше грешка. Си ги упропастив најубавите години“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани