Тиквеш најави големи промени во играчкиот кадар пред стартот на новата сезона.
Кавадаречкиот прволигаш се раздели со дури 11 фудбалери, а меѓу нив е и искусниот дефанзивец Даниел Мојсов. Покрај него, клубот го напуштаат и Стефан Тасев, Мартин Стојанов, Берат Садик, Кристијан Стојкоски, Кристијан Ѓорѓиевски, Никола Најдовски, Мартин Тодоров, Милован Петровиќ, Данаил Тасев и Вања Терзиќ.
Од Тиквеш преку социјалните мрежи им се заблагодарија на фудбалерите за придонесот во изминатиот период, а во наредните недели се очекува клубот да биде активен на трансфер пазарот.
Новиот тренер Оливер Богатинов ќе добие значително освежен тим, бидејќи во Кавадарци се очекнува пристигнување на најмалку десетина нови имиња.