35
Натпреварот меѓу Лил и Галатасарај во Франција започна ефикасно откако уште во првите седум минути беа постигнати два гола, по еден на двете страни.
Галатасарај поведе уште во втората минута преку Акугон, но Лил брзо возврати. Во седмата минута, 19-годишниот Сориба Диаоне се погрижи за израмнување со мајсторски потег, во акција изведена како на Плејстејшн.
Младиот напаѓач покажа извонредна техника и во завршницата од акцијата успеа да го надмудри и голманот на турскиот гигант.
🚨 19 year old Soriba Diaoune equalizes 🇫🇷 Lille 1-1 Galatasaray 🇹🇷 https://t.co/fKQUF7n924
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 21, 2026