44
Искусниот бразилски дефанзивец, Тијаго Силва одлучи да го напушти Флуминенсе и да побара нов клуб во Европа.
Силва како слободен играч треба да потпише за европски клуб во јануари.
41-годишниот дефанзивец цели кон место во составот на Бразил за Светското првенство во 2026 година, а потоа би можел да се пензионира.
„Можете ли да замислите да ја завршам кариерата со трофеј од Светското првенство“, рече Силва.
Нејасно е дали би добил повик од Анчелоти, ако се знае дека последен пат Тијаго Силва за Бразил играл во 2022 година.
Силва уште игра во голема форма и е вистински лидер на теренот, останува да се види која ќе биде неговата следна дестинација.