Тијаго Силва и со 41 година привлекува голем интерес, четири клубови од Премиерлигата го меркаат

by bojan
1 минути читање

Тијаго Силва е на залезот од кариерата, но и покрај тоа привлекува голем интерес, четири клубови од Премиерлигата го меркаат искусниот дефанзивец.

Тијаго Силва оваа недела ја прекина соработката со Флуминенсе и е во потрага по нов клуб.

Бразилецот сака да се врати во Европа со цел да си ги зголеми шансите за настап со „кариоките“ на СП 2026.

И покрај тоа што го има 41 година и е на залезот од кариерата, постои голем интерес за неговите услуги.

Последните шпекулации го поврзуваат со шокантно враќање во Челси, а како опции се посочуваат и Кристал Палас, Вест Хем и Фулам.

Претходно искусниот дефанзивец се поврзуваше и со преселба во својот поранешен клуб Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×