Манчестер Сити го
доби дербито на 12. коло од англиската Премиерлига, совладувајќи го Манчестер
јунајтед со 3-1 на домашен терен, иако гостите намалија на 2-1 и барем за
момент навестија интересна завршница, до тоа не дојде.
Тимот на
Гвардиола доминираше во секој поглед на играта, за што говори и генералната
статистика од дербито, но, еден статистички податок посебно го издвоија
медиумите на Островот, а тоа е онаа на Фил Фоден, за која велат дека е „засрамувачка“
за Манчестер јунајтед.
18 годишниот
фудбалер од средниот ред на Сити, во игра влезе во самата завршница на дербито и одигра една минута, влезе на местото на Давид Силва, а за периодот минат на теренот тој реализираше седум
паса, со 100 процентна успешност, тоа е за три паса подобар учинок од оној на
Алексис Санчез и Ромелу Лукаку на спротивната страна.
Санчез со 17 минути
имаше еден пас, истиот беше успешен, а Лукаку со 33 минути одиграни комплетираше
три паса со 66% успешност.