Тетекс со ултиматум до надлежните институции во државата: Или ќе играме на Градски или се откажуваме

by
2 минути читање

Тетекс не планира и оваа година да игра на игралиштето на Агенцијата за млади и спорт во Тетово, клубот испратил ултиматум до институциите со кој бара да се врати на Градскиот стадион.

Со оглед на фактот што минатата година Тетекс ги играше своите натпревари како домаќин на игралиштето на Агенцијата за спорт и млади во Тетово, очигледно дека му здодеа да биде “бездомник” во сопствениот град, па реши да пресече. Или и тој ќе игра на Градскиот стадион, како што го прават тоа Шкендија и Ренова, или пак воопшто нема да се натпреварува. Со ова клубот ја префрла топката кај надлежните институции, кои секако пред стартот на оваа сезона, бараат од него да пријави терен кој ќе го носи како домашен.

Од јануари смее два натпревари неделно:

Од Тетекс напоменуваат дека не постојат законски пречки клубот да не игра на Градскиот стадион. Односно до 31.12.2016 година било важечко правилото на еден стадион да може да се игра само еден натпревар неделно, а сега тоа правило повеќе не постои. Тоа значи дека и Шкендија и Ренова, како прволигаши, но и Тетекс, како второлигаш, имаат право да настапуваат на стадионот, секако со финансиски надоместок.

Според последните информации еден натпревар на стадионот во Тетово ќе го чини Тетекс 30.700 денари.

Финансиите се обезбедени, се тргнува со подготовките:

Од друга страна, пак паралелно со ова прашање, Тетекс решава и други тековни проблеми. Околу финансиите за следната сезона, обезбедени се дел од нив и екипата ќе почне со подготовките.

Енис Дервиши замина во редовите на Работнички, исто така од клубот замина Беким Реџепи во Шкендија и тоа се единствените двајца што ќе ги нема на прозивката.

Од друга страна пак, како прво засилување е најавен Мирослав Јовановски од Брегалница.

Подготовките се закажани за 12-ти јули и најверојатно тимот ќе мине 10-тина дена на припреми на Попова Шапка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани