Teр Штеген дефинитивно заминува од Барселона, веќе се договори и со новиот клуб

by Стефан
1 минути читање

По повеќе од една деценија мината меѓу стативите на „Камп Ноу“, Марк-Андре Тер Штеген заминува и до крајот на сезоната ќе го брани голот на Жирона.

Станува збор за позајмица со траење од шест месеци, односно до крајот на јуни, а информацијата ја објави и реномираниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.

„Сите дополнителни детали ќе бидат познати подоцна, а Жирона очекува се да биде завршено наредната недела“, објави Романо.

Тер Штеген во Барселона пристигна во 2014 година и зад себе остави 291 настап во Ла Лига. Главната причина за заминувањето е желбата за поголема минутажа, со цел да се врати во репрезентативните планови на Германија и да конкурира за настап на претстојното Светско првенство ова лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×