ТАС потврди: Манчестер Сити ја обжали одлуката на УЕФА

by
1 минути читање

Европската куќа
на фудбалот немаше милост кон Манчестер Сити, и за сериозно прекршување на
правилата за Финансиски фер плеј, им изрече на „граѓаните“ забраната за настап
во Европа во сезоните 2020/21 и 2021/22, а клубот од Етихад ќе треба да плати и парична
глоба од 30 милиони евра.

Од таборот на Манчестер
Сити ги отфрлија ваквите обвинувања, нагласија дека сето ова е лага и
зад процесот има политичка позадина. Тие најавија дека веднаш ќе поднесат жалба
и правната битка започнува наскоро.

Судот за спортска
арбитража (ТАС) попладнево  потврди дека
„граѓаните“ ја обжалиле одлуката на УЕФА. Судот од Лозана во овој момент сепак
не може да открие детали за тоа колку долго ќе трае процесот и кога ќе
пристигне пресудата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани