Своевремено блескаше играјќи за Челси, а сега призна: Како дете навивав за Арсенал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот белгиски репрезентативец Еден Азар рано замина во спортска пензија.

Крилниот напаѓач блесна играјќи за Челси, мина седум сезони на „Стемфорд Бриџ“ и во тоа време беше еден од најдобрите фудбалери на светот. Сепак, потоа следеше трансфер во Реал Мадрид по кој Азар никогаш повеќе не беше истиот. Разни проблеми, повреди и неспортски живот го доведоа до рана пензија.

Сега по крајот на кариерата Белгиецот откри интересна информација. Имено, тој како дете бил навивач на Арсенал, иако играше за лутиот ривал.

Кога бев дете најмногу ја гледав репрезентацијата на Франција. Два идоли ми беа Зинедин Зидан и Тиери Анри. Тешко ми е да признаам поради сè што минав со Челси, ама јас навистина го сакав и навивав за Арсенал во тоа време“, откри Азар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани