Судискиот комитет призна дека е направена грешка на натпреварот помеѓу Жирона и Барселона и голот на домаќините за победа од 2-1 не требал да важи поради прекршок врз Жил Кунде.
Пред десет дена, Жирона го доби локалното дерби со Барселона, но натпреварот беше одбележан од спорен момент, голот на Фран Белтран во 86. минута за победа од 2-1 падна под контроверзни околности.
Имено, на зачетокот од акцијата, Клаудио Ечевери го нагазна Жил Кунде, но ниту судијата се огласи, ниту пак ВАР коригираше.
Судискиот комитет вчера призна дека Барселона била оштетена, односно ВАР собата морала да реагира за ваков случај, па Жоан Лапорта попладнево ја коментираше одлуката.
„Јасно беше дека противникот го нагазна Кунде. Добро е што си ја признаа грешката, но никој нема да ни го врати бодот што го изгубивме против Жирона. Ајде да се надеваме дека нема да се повтори ова“ – вели првиот човек на Барселона.
Претходно, „каталонците“ на социјалните мрежи испратија кратка но јасна порака.
„Голем чекор е тоа што си ја признаа грешката, но да ја избегнеш следниот пат, е уште поголем“ – гласеше постот на клубот од Камп Ноу.
Asumir el error es un gran paso.
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) February 24, 2026
Evitarlo es el siguiente. pic.twitter.com/TSQBtM9Utk