Суарез со пцовки кон Симеоне: Ш*пак еден, секогаш истата работа! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Уругваецот не
игра во голгетерската форма од минатата сезона па фрустрациите полека
излегуваат на виделина.

На синоќешниот
натпревар помеѓу Севиља и Атлетико Мадрид, Луис Суарез беше повлечен од игра во
момент кога гостите се обидуваа да постигнат втор гол и да го свртата
резултатот во своја корист.

Па Луис Суарез
беше бесен и со пцовки го искажа незадоволството од одлуката на Диего Симионе.

„Ш*пак еден, секогаш истата работа“ – беа дел
од зборовите кои ги уловија камерите на ГОЛ.

Напаѓачот потоа нервозно
седна на клупата и почна да фрла работи кои му дојдоа при рака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани