Што ќе прави Пике со мрежата од Висенте Калдерон? (ФОТО)

by
1 минути читање

Жерард Пике има една необична традиција, дефанзивецот секогаш кога ќе освои
трофеј ја сече мрежата од голот како спомен.

Слична беше ситуацијата и на вчерашното финале во Копа дел Реј, кое Барса
го доби со 3-1.

По победата над Алавес, Жерард Пике заедно со своите синови Милан и Саша,
ја исекоа мрежата од еден од головите.

Но мрежата од Висенте Калдерон нема да оди во личната колекација на
играчот, Жерард Пике откри дека ќе ја даде на фановите на Атлетико Мадрид, кои минатата
недела се збогуваат од својот стадион.

„Ќе им ја дадам
на фановите на Атлетико Мадрид
– рече фудбалерот на Барселона во подтрибинскиот простор.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани