Поранешниот
напаѓач на Ливерпул, моментално член на Барселона, Луис Суарез тврди дека е ‘возбуден’ што ќе игра на Енфилд повторно за прв пат откако
го напушти Премиерлигашот за да замине во редовите на Каталонците.
Уругваецот си
замина од Енфилд во 2014. година, по три сезони во дресот на Ливерпул, а 31
годишниот напаѓач погоди во победата на Барселона од 3-0 во првата пресметка од
полуфиналето од Лигата на шампионите, славејќи го погодокот против својот
поранешен клуб, за што доби и критики од јавноста.
За време на летот
од Барселона до Ливерпул денеска, Суарез ја фотографираше Енфилд арената и
имаше објава на социјалните мрежи посочувајќи колку е возбуден што се враќа.
„Енфилд, возбуден
сум што те гледам повторно“ напиша Суарез, но, се’ поизвесно е дека ќе биде пречекан со свирежи од
фановите на Премиерлигашот кои сигурно нема да му простат за начинот на кој се
однесуваше за време на првата пресметка на Камп Ноу.
data-lang="en">
На денешната пресконференција, Суарез истакна дека луѓето кои добро го познаваат фудбалот точно знаат што значи гол во полуфинале од Лигата на шампионите, посочи дека дел од навивачите на Ливерпул имале позитивни реакции откако побарал прошка од нив.