71
Манчестер Сити го победи Шахтар со 6-0, а Виктор Кашаи досуди два пенали за домаќините, од кои тој врз Стерлинг беше голема грешка.
Фудбалерот на Манчестер Сити му се извини на судијата и на Шахтар но вели дека не било намерно.
„Сакав да ја поткопам топката и не знам што се случи следно. Завршив на подот“, изјави Стерлинг.
„Не почувствував контакт, тоа беше моја грешка. Го удрив подот и паднав. Му се извинувам на судијата и на Шахтар“.