Стартува новата сезона во ЛШ, Ељиф Елмас единствен над репрезент

by 24 фудбал
1 минути читање

Лигата на шампионите е пред стартот, а Македонија и оваа сезона ќе има свој претставник во најелитното европско натпреварување.

По минатогодишните настапи на четворица македонски фудбалери, Ељиф Елмас, Бојан Миовски, Стефан Ристовски и Аријан Адеми, оваа сезона нашата земја ќе ја претставува само еден играч. Елмас ќе се појави во дресот на италијанскиот шампион Наполи и ќе биде единствениот македонски фудбалер во групната фаза.

Во сегашниот формат на Лигата на шампионите, кој започна во 1992 година со трансформацијата на Купот на европските шампиони, досега настапувале вкупно седумнаесет македонски играчи. Најголема трага во овој формат остави Горан Пандев кој со Интер го крена трофејот во 2010 година, а претходно во првичниот со Црвена Звезда европски прваци беа Дарко Панчев и Илија Најдовски. Елмас со тоа ја продолжува традицијата Македонија да има свое име на големата европска сцена.

Сезоната ќе тргне со шест средби, две во попладневниот и четири во вечерниот термин.

  • Денес на терените во ЛШ:

18:45 часот
Атлетик Билбао – Арсенал
ПСВ – Ројал Унион

21:00 часот
Бенфика – Карабах
Јувентус – Борусија Дортмунд
Реал Мадрид – Марсеј
Тотнем – Виљареал

Можно е и ова да ти се допаѓа

×