Стара добра приказна: Родриго е прескап за Арсенал, нова цел е фудбалер од Кристал Палас

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Арсенал се насочува кон Еберечи Езе од Кристал Палас, „топчиите“ пресметале дека Родриго од Реал Мадрид им е далеку поскапо опција.

Арсенал никако не успева да направи прогрес во преговорите за ангажман на Виктор Ѓокереш и Бенџамин Шешко, и Спортинг Лисабон и РБ Лајпциг им поставија висока цена.

Истото ова се случува и со уште една трансфер желба – Родриго од Реал Мадрид.

Бразилецот е пикиран ако топ цел за засилување на крилната позиција, но „кралевите“ бараат 90-100 милиони евра, малку прескапо за џебот на клубот од Северен Лондон.

Попладнево неколку извори објавија дека Арсенал се насочува кон Еберечи Езе од Кристал Палас.

Англичанецот има откупна клаузула од 68 милиони фунти (околу 80 милиони евра) што го прави поевтина опција од Бразилецот.

Доколку се реализира една ваква зделка, мала утеха ќе биде тоа што Арсенал ќе добие битка со лутиот ривал Тотнем, со оглед на тоа дека „спарси“ го меркаат Еберечи Ее како главно засилување за новиот тренер Томас Франк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×