Стана хит на Светското првенство и сега Мурињо нуди 50 милиони фунти за него!

by
1 минути читање

25 годишниот дефанзивец пред 12 месеци се пресели во Лестер од Хал и многумина беа изненадени од тоа што „Лисиците“ искешираа 17 милиони фунти за неговите услуги.

Но Хари Мегвајер имаше одлична сезона на „Кинаг Пауер“ Стадионот, а со солидните изданија се најде и во стартниот состав на Герет Саутгејт на мундијалот. Англичанецот стана хит со перформансите во Русија и голот против Шведска, особено што пред само две години тој со другарите како навивач од трибините ги следеше „Трите Лава“ на ЕВРО 2016.

Според пишувањата на Дејли Мејл, Жозе Мурињо е импресиониран од она што го видел, особено начинот на кој Хари Мегвајер ја дистрибуира топката, па сака да го донесе уште ова лето на Олд Трафорд.

За да му ја исполнат желбата на „Специјалниот, лидерите на Манчестер јунајтед се подготвени да искешираат 50 милиони фунти, односно три пати повеќе од она што Лестер го плати минатото лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани