Спортскиот директор на Интер: Конте ми се јавува по десет пати на ден

by
1 минути читање

Спортскиот
директор на Интер, Пјеро Аусилио во интервју за „Кориере дело Спорт“ говореше
за активностите на тимот од Милано на трансфер пазарот, јасно е дека
Нероаѕурите посакуваат освежување на составот, а тоа се желбите и на новиот
тренер, Антонио Конте.

Ќе ангажираме
3-4 фудбалери, приоритет ќе им дадеме на квалитетните, повеќе во однос на оние
кои носат само квантитет. Работиме на тоа поле, мислам дека нема смисла да
говорам околу имињата
“ вели Аусилио кој посочи дека го гледал мечот помеѓу
Франција и Англија за фудбалери до 21 година, за да ја увиди можноста за
одредени
перспективни
елементи
, а секако ја додаде и поканата до клубот како причина за неговото присуство, како што вели
самиот тој.

Ние следиме
многу профили, Конте? Тој го почитува составот, ми се јавува по десет пати на
ден за да му пренесам свежи информации
“ заклучи Аусилио.

Вчера, „Кориере
дело Спорт“ пренесе дека Интер веќе ги договорил личните услови со четворица
фудбалери, а истиот медиум ги наведе Ромелу Лукаку, Николо Барела, Един Џеко и
Валентино Лазаро, додавајќи дека останува уште договор со нивните клубови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани