Нејмар се подготвува
да се врати во Барселона, бразилската ѕвезда силно е посакуван од страна на
Каталонците кои се обидуваат да дојдат до договор со ПСЖ, Филипе Кутињо и Осман
Дембеле би можеле да бидат вклучени како дел од договорот.
Каталонски „Спорт“
објави дека семејството на Нејмар веќе го подготвува теренот за враќање на
Бразилецот на „Камп Ноу“, токму тоа е на чело на логистичката активност за
преселбата, односно враќањето на Нејмар во Барселона.
Исто како и во
2013. година, мајката на Нејмар, Надине Конклавес, како и неговата сестра,
Рафаела Сантош, веќе пристигнале во Каталонија за да се погрижат околу
логистичките прашања и местото на живеење.
Наводно тие се во
Барселона веќе неколку седмици и се обидуваат да најдат фамилијарна куќа и
истата да ја подготват за ова лето, се вели дека желбата е да се престојува во
истата област како претходно.
„Спорт“ додава
дека Нејмар посакува да живее повторно во населбата „Педралбес“, соседството кое
тој го сака, а имал и совети од неговиот сонародник Артур Мело во однос на тоа
прашање, обајцата се согласиле во тоа.