Вестите за
Европска супер лига не се новост, изминативе години често се пишуваше на оваа
тема. Шпегел, кој заедно со уште голем број на медиуми добија пристап до
документите од „Фудбал Ликс“ сега открива повеќе детали.
Весникот вели дека има преписки и мејлови кои покажуваат дека во 2016 година Реал,
Барса, Баерн и уште осум гиганти од Европа тајно работеле на ново
натпреварување кое ќе биде сериозна закана за Лигата на шампионите но и за
домашните првенства.
Покрај погоре
споменатите клубови, Јувентус, Милан, ПСЖ, Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер
јунајтед и Манчестер Сити треба да се основачите на новото натпреварување кое
ќе брои 16 екипи. Останатите пет места ќе го пополнат Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Марсеј, Интер и
Рома кои ќе бидат како гости.
Новото
натпреварување ќе има две фази, групна и нок-аут. 11-те тимови кои се основачи
нема да испаѓаат и ќе имаат загарантирано учество 20 години.
Исто така ќе биде
формирана и втора лига, а тимовите кои ќе имаат најмногу бодови во оваа лига ќе
играат серија мечеви со оние кои се поканети како гости за промоција во
Европската супер лига, односно опстанок.
Наводно договорот
за ова ново натпреварување треба да биде потпишан во ноември 2018. Компанијата
која ќе го води и организара новото натпреварување треба да биде основана во
Шпанија, а новата лига ќе започне во 2021.
Повеќе за оваа
сторија можете да прочитате на Шпигел, весникот најави дека во следниот период
ќе открие многу повеќе.